Општина Радовиш
Започна реновирањето на СРЦ „25-ти мај“ PDF Печати Е-пошта

Thumbnail imageКонечно, од почетокот на овој месец се започна со реновирање на спортско рекреативниот центар „25-ти мај„ во нашиот град.

После долга судска процедура, општина Радовиш го раскина договорот со концесионерите и ја врати салата во свое владение.

Овој спортски објект на радовишани им е и тоа како потребен, бидејќи спортските клубови од градот го изгубија просторот каде што тренираа и се натпреваруваа, а граѓаните на Радовиш го изгубија своето омилено место за рекреација и следење на спортски натпревари и други манифестации.

Поради неодржување на салата и нејзино тотално запуштање од страна на концесионерите, клубовите што опстанаа беа принудени домашните натпревари да ги играат во соседните општини или воопшто да не ги одиграат, што придонесе повеќе од нив да згаснат поради немање на финансиски средства и пред се простор за тренирање и одржување на натпреварите.

Најзаслужни за враќање на СРЦ „25-ти мај“ во рацете на општината пред се се градоначалникот д-р Роберт Велков заедно со советот на општината и одговорните органи во истата, управата на рудникот „Бучим“, а голем придонес дадоа и поранешните и сегашни спортисти и спортски работници од градот заедно со навивачката група „Лебари“ од Радовиш кои постојано преку разни активности потсетуваа за проблемот со салата, а минатата година организираа и мирни протести за враќање на салата во рацете на општината и на граѓаните на Радовиш.

Повеќе...
 
XVI-тата Македонска Олимпијада по Информатика одржана во Радовиш PDF Печати Е-пошта

Thumbnail imageОд 11-13.05.2012 во Радовиш во просториите на ООУ „Никола Карев“ се одржа XVI-тата Македонска Олимпијада по Информатика (МОИ) и VI државен натпревар по информатика за ученици до 13 години.

МОИ претставува врвен натпревар на кој се избираат екипите за претставување на Република Македонија на меѓународните натпревари.

Официјалното отварање се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“, во присуство на сите учесници, организаторите, пратеничката во македонскиот парламент од Радовиш, г-ѓа Нада Ципушева и покровителот на овој настан, градоначалникот д-р Роберт Велков.

Повеќе...
 
Презентирана новата индустриска зона во Радовиш PDF Печати Е-пошта

Thumbnail imageНа 24.04.2012 година, во малата сала во зградата на ЕЛС Радовиш, претставници од министерството за транспорт и врски, министерството за животна средина и министерството за финансии беше извршена презентација на државна урбанистичка планска документација за технолошка индустриска развојна зона - Радовиш на м.в. „Долна Рудина“ к.о. Радовиш.
Оваа нова технолошка индустриска развојна зона се наоѓа на државно земјиште со површина од околу 10 хектари и е во сопственост на Република Македонија.

Повеќе...
 
Објавен Службен гласник бр. 6 од 2012 година PDF Печати Е-пошта

- СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ бр.6 од 2012 година

(кликни за читање или симнување)


СОДРЖИНА (службен гласник 6/2012):

Повеќе...
 
ПРВОМАЈСКИ ТРКИ 2012 ГОДИНА PDF Печати Е-пошта

ПРОГРАМА
ПРВОМАЈСКИ ТРКИ 2012 ГОДИНА
30.04.2012 (понеделник)

ПОЧЕТОК 18:00 часот

ЦЕЛ: КРУЖЕН ТЕК КАЈ “ХУНАП”
СТАРТНИ ПОЗИЦИИ: МОСТОВИ НА КЕЈ 8 СЕПТЕМВРИ

 

Повеќе...
 
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА PDF Печати Е-пошта

Thumbnail image

Кликни на документот за читање или симнување

 
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА PDF Печати Е-пошта

Бр. 16-9342/4
Датум: 20-04-2012 година

 

Врз основа на член 24 став 11 и член 50  од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11 и 53/11), Министерот на Министерството за транспорт и врски донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од опфатот на Државната урбанистичка планска документација дека Министерот за транспорт и врски донесе Решение за организирање на:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ПО:

- Државна урбанистичка планска документација за изградба на Технолошка индустриска развојна зона Радовиш м.в.Долна Рудина, КО Радовиш-општина Радовиш.

Границата на планскиот опфат е дадена во графичкиот прилог. Опфатот е со површина од 9, 75 ха.

Јавната презентација ќе се одржи во просториите на општина Радовиш, на ден 24-04-2012 година во 11,00  часот.

Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 24-04-2012 година до 30-04-2012 година.

Државната урбанистичка планска документацја ќе биде изложена во просториите на општина Радовиш, 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето, секој работен ден од 10-15 часот, односно од 24-04-2012 година до 30-04-2012 година.

Контакт телефон 032 635 007– општина Радовиш.
Заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планската документација можат да учествуваат во Јавната презентација и Јавната анкета, а во времетраење на анкетата ќе можат да ги дадат своите забелешки, предлози и мислења.

 

Министер
Миле Јанакиески

 
Објавени Службен гласник бр. 3 и бр. 4 од 2012 година PDF Печати Е-пошта

- СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ бр.4 од 2012 година

(кликни за читање или симнување)

 

- СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНА РАДОВИШ бр.5 од 2012 година

(кликни за читање или симнување)

 

СОДРЖИНА (службен гласник 4/2012):

Повеќе...
 
Потпишан договор за соработка помеѓу општина Радовиш и Индустрискиот развоен центар МАРКИС од Кралството Данска PDF Печати Е-пошта

Thumbnail imageИндустрискиот развоен центар МАРКИС претставува компанија од Кралството Данска која работи на полето на Регионалниот Развој и подршка на определени региони во постигнување на одржлив балансиран регионален развој.

Компанијата МАРКИС е препорачана од страна на Владата на Република Македонија, а како министерства за врска и соработка се определени минстерствата за надворешни работи и локална самоуправа. Досега од страна на министерствата за надворешни работи и локална самоуправа на МАРКИС му е препорачан Југоисточниот регион за соработка и понатамошно дејствување.

Тековно потпишани се три писма за интерес и тоа со општините Струмица, Василево и Радовиш. Со општините Струмица и Василево - МАРКИС минатата недела склучи и договори за соработка и инвестирање.

Повеќе...
 
ЗАПИСНИК PDF Печати Е-пошта

ЗАПИСНИК

За одржана јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина за Државно Урбанистичка Планска Документација за градби за тешка и загадувашчка индустрија (фабрика за производство на експлозивни материјали) за потребите на ДЕТОНИТ ДООЕЛ, КО Тополница, општина Радовиш.


(кликнете на документот за поголема слика или симнување)

Thumbnail image Thumbnail image

Thumbnail image Thumbnail image

 
Решение за свикување LIII седница на Советот на општина Радовиш PDF Печати Е-пошта

СОВЕТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Thumbnail image

Република Македонија

Општина Радовиш

бр. 07-736/1

03.04.2012 год.

Радовиш


Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа, член 19 став 2 од Статутот на општина Радовиш и член 51 од Деловникот за работа на Советот на општина Радовиш, донесувам
Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е
За свикување LIII  седница на Советот на општина Радовиш

Седницата ќе се одржи на ден 10.04.2012 год. (ВТОРНИК) од  12.00 часот во салата за состаноци во зградата на општина Радовиш. За седницата го предлагам следниот:

Д  Н  Е  В  Е  Н    Р  Е  Д

Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Лист 1 од 16
deutsche bank es cirsa