Градоначалникот на:

Отчет

Банер
Банер
Банер
Банер

Кој е онлајн

Има 5 гости присутни
Локална самоуправа
Градоначалник
Напишано од С.Бојаџиев   
Вторник, 26 Јануари 2010 14:43

Thumbnail imageГрадоначалник на општина Радовиш од 2013 година е г-дин Сашко Николов, кој што беше кандидат за градоначалник од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот мандат трае 4 години, односно од 2013 година до 2017 година.

Претходни градоначалници на општина Радовиш биле: Д-р Роберт Велков (од 2005-2013 г.), Д-р Ристе Кукутанов (од 2000-2005 г.), Кирчо Сусинов (од 1996-2000 г.) и Д-р Љупчо Захариев (од 1990-1996 г.)

 

 

Thumbnail image„Општината Радовиш  се стреми да ги подобри условите за живот на граѓаните, на начин што би се искористиле компаративните предности што ги нудат природното опкружување и досегашната создадена инфраструктура со насока кон креирање на среќни, задоволни, безбедни и здрави граѓани.

За да поттикнеме правилен и здрав локален економски развој Ние, како двигатели на истиот мораме да создадеме една симбиоза помеѓу луѓето, природната околина и развојот на науката и технологијата, а паралелно со тоа културата и образованието да се развиваат кон позитивна насока.

И затоа добронамерници, граѓани и пријатели на Радовиш, упатувам отворена покана и Ви давам до знаење дека вратата на Општина Радовиш е секогаш отворена кон сите оргинални, позитивни идеи и иницијативи со цел унапредување на локалната заедница и подигање на квалитетот на животот на граѓаните.“

 

Искрено Ваш,

Градоначалник на Општина Радовиш

Сашко Николов

 

 

Надлежности на градоначалникот

 

Ја претставува и застапува Општината;

Ја контролира законитоста на прописите на Советот;

Ги објавува прописите на Советот во службено гласило на Општината;

Го обезбедува извршувањето на одлуките на Советот;

Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на Општината;

Иницира и предлага донесување прописи од надлежност на Советот;

Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на Општината;

Го извршува буџетот на Општината;

Избира директори на јавните служби кои ги основала Општината врз основа на јавен конкурс;

Редовно го известува Советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со Статутот;

Решава за управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица во согласност со законот;

Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

Раководи со општинската администрација;

Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската адинистрација доколку поинаку не е определено со законот;

Обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на општината во согласност со законот и со Статутот и
Врши и други работи утврдени со законот и со Статутот.
Последно освежено на Четврток, 11 Април 2013 08:45
 
Совет
Напишано од С.Бојаџиев   
Вторник, 26 Јануари 2010 14:56

 

 


Советот на Општина Радовиш е претставничко тело на граѓаните на општината. Составен е од 19 советници избрани на непосредни избори.


Надлежности:



Го донесува статутот на општината и други прописи;
Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
 Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;

Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;

Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со закон;

Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;

Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;

Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на оpштината, кој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и

Врши и други работи утврдени со закон.

 


Претседател на Советот е:

Николчо Миовски (ВМРО-ДПМНЕ)


 

Советнички групи:

 

ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО

 2. Здравко Трајанов
 3. Данче Тричковски
 4. Ѓорги Манев
 5. Александра Трајанова
 6. Ангел Манев
 7. Марина Божинова
 8. Баже Манев
 9. Димитар Ивановски

СОЦИЈАЛ-ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 1. Билјана Теохарева-Филипова
 2. Љупчо Јорданов
 3. Наце Николов
 4. Ванчо Коцев
 5. Изабела Јованова
 6. Даме Димитров
 7. Никола Ѓоргиев

ТУРСКА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА

 1. Енис Омеров
 2. Емел Готак

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ

 1. Георги Крстев

 


::: ПОСТОЈАНИ КОМИСИИ НА СОВЕТОТ :::


 

Последно освежено на Понеделник, 13 Мај 2013 11:51
 
Постојани комисии на Советот на Општина Радовиш
Напишано од С.Бојаџиев   
Среда, 30 Март 2011 01:00

КОМИСИЈА ЗА СТАТУТ И ПРОПИСИ


1. Ангел Манев -  претседател
2.
Николчо Миовски - член
3. Данче Тричковски - член
4. Енис Омеров - член
5.
Никола Ѓоргиев - член

 

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ, БУЏЕТ
И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ


1. Ѓорѓи Манев -  претседател
2.
Георги Крстев - член
3.
Ангел Манев - член
4. Николчо Миовски - член
5. Билјана Теохарева Филипова - член


КОМИСИЈА ЗА УРБАНИЗАМ, КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ И
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА


1. Александра Трајанова -  претседател
2. Љупчо Јорданов - член
3.
Димитар Ивановски - член
4. Николчо Миовски - член
5. Енис Омеров - член


КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ


1. Данче Тричковски -  претседател
2.
Емел Готак - член
3. Изабела Ангелова - член
4. Ванчо Коцев - член
5. Баже Манев - член



КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА


1. Баже Манев -  претседател
2. Димитар Ивановски - член
3. Данче Тричковски - член
4. Изабела Ангелова - член
5. Емел Готак - член


КОМИСИЈА ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ
ВО СООБРАЌАЈОТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА


1. Георги Крстев-  претседател
2. Ѓорѓи Манев - член
3. Димитар Ивановски - член 
4. Ангел Манев - член
5. Наце Николов - член


КОМИСИЈА ЗА НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА


1. Александра Трајанова -  претседател
2. Ангел Манев - член
3. Здравко Трајанов - член
4. Изабела Ангелова - член
5. Емел Готак - член


КОМИСИЈА ЗА МЕСНА САМОУПРАВА И ГРАЃАНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ


1. Ѓорги Манев -  претседател
2. Даме Димитров - член
3. Ангел Манев - член
4. Димитар Ивановски - член
5. Георги Крстев - член


КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ


1. Наце Николов -  претседател
2.
Даме Димитров  - член
3. Енис Омеров - член
4. Марина Божинова - член
5. Данче Тричковски - член

 

КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ


1. Билјана Теохарева Филипова -  претседател
2.
Данче Тричковски - член
3.
Александра Трајанова - член
4. Ѓорги Манев - член
5. Ангел Манев- член
6. Георги Крстев - член

Последно освежено на Понеделник, 13 Мај 2013 11:43
 
Контакти со општината
Напишано од С.Бојаџиев   
Вторник, 02 Февруари 2010 16:41

 

АДРЕСА:

 

ЕЛС ОПШТИНА РАДОВИШ

 

бул. „Александар Македонски“ бр. 7

 

2420 Радовиш

 

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 


 

ГРАДОНАЧАЛНИК

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

СЕКРЕТАР

Тел/Факс: +389 32 630 290

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ, ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ И ОПШТИ РАБОТИ  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, КОМУНАЛНИ РАБОТИ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

СЕКТОР ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР - ИНСПЕКТОРАТ  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ (ЛЕР)  

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

ПРАТЕНИК: +389 32 635 755

www.mojotpratenik.org.mk


Последно освежено на Среда, 05 Март 2014 16:20
 
Статут
Напишано од С.Бојаџиев   
Вторник, 26 Јануари 2010 15:10

 

 

 кликни овде за превзeмање

во .pdf формат



 

 

 

 

С Т А Т У Т

на општина Радовиш

 

 

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

 

 

Член 1

Општина Радовиш (во понатамошниот текст општината), е единица на локалната самоуправа во која граѓаните го остваруваат правото на локалната самоуправа.

Правото на локалната самоуправа се остварува преку претставници во органите на општината и со непосредно учество во одлучувањето.

 

Член 2

Граѓаните на Република Македонија кои имаат постојано место на живеење на подрачјето на општината, се жители на општина Радовиш.

Подрачјето на општината е утврдено со закон и ги опфаќа подрачјето на, градот Радовиш и населените места: Али Коч, Бучим, Воиславци, Дамјан, Ињево, Калузлија, Козбунар, Коџалија, Ораовица, Погулево, Прналија, Раклиш, Сулдурци, Супурѓе, Тополница, Шипковица, Штурово, Калуѓерица, Алилобаси, Држанци, Дурутлија, Каралобаси, Караџалар, Ќоселија, Саригол, Худаверлија, Чешме Маале, Ново Село, Шаинташ и Папавница.

 

Последно освежено на Четврток, 11 Април 2013 08:41
Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Лист 1 од 12
deutsche bank es cirsa