Кој е онлајн
Има 37 гости присутниСледете го Градоначалникот:
| КЛИМАТСКИ УСЛОВИ |
| Напишано од С.Бојаџиев |
| Среда, 27 Јануари 2010 10:30 |
|
Општина Радовиш е под влијание на умерено-континентална клима. Поради изразената височинска разлика (400-707 мнв) одделни климатски елементи варираат меѓу изменета медитеранска клима во полето и планинска клима по планините. Просечните годишни температури во рамничарскиот дел се движат од 12.5 до 13.0°С, а на највисоките делови од планинските масиви до 7,5°С. Најтопли месеци се јули и август, со просечна температура од 23°С, а најстуден месец е јануари со 1.2°С. Просечните годишни врнежи изнесуваат 563 мм, со големи варирања од година во година, но постои разлика меѓу планинските и рамничарските реони. што се однесува до годишниот збир на сончеви часови, регионот има 2326 сончеви часови годишно, т.е. 6,4 часови дневно.
|
| Последно освежено на Понеделник, 31 Мај 2010 10:01 |
























